Внимателно со алкохолот за време на празниците, може да предизвика анксиозност

За многумина празниците и пијалокот одат рака под рака, а според истражувањата во периодот меѓу Божик и Нова година, најмногу се консумира лкохол.

Освен стандардните симптоми на мамурлак, силна главоболка, мачнини и бескомпромисна потреба за целосна тишина, многумина исто така доживуваат акнсиозност.

Алкохолот ги активира невротрасиметрит во мозокот поради кои се чувствувате опуштено, но кога ќе престанете да пиете, тие се збунуваат и може да се појави силно чувство на анксиозност.

Дополнително, ќе ви се изремети циклусот на спиење и ќе патите од несоница. Поради зголеменото лачење на нероадреналин кај луѓето со ПТСП и панични напади може да делува и на чувството на страв и стрес.

Флуктацијата на расположение која ја чувствуваме само неколку дена, па дури и ноќи, по прекумерното пиење настанува поради Гама-аминобутирни киселина (ГАБА). Алкохолот ја активира ГАБА поради чиј состав можеме да се чувствуваме анксиозно.

Дури неколку дена по престанување со пиењето, ГАБА составот оживува, почнуваме да ја чувствуваме анксиознота.

Слични содржини