Внука на Трамп го тужи за наследство – тврди дека била измамена

од Vladimir Zorba

Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери го тужи откако тврди дека тој и другите членови на семејството ја измамиле за десетици милиони долари наследство, пренесува Ројтерс.

Против Доналд Трамп, неговата сестра Маријана Трамп Бери и компанијата на неговиот брат Роберт Трамп, кој почина во август, беше покрената постапка пред судот во Менхетен, обвинувајќи го Трамп за „арогантна измама“ и заговор.

Овие тврдења Мери Трамп ги сподели и во неодамна објавената книга „Too Much and Never Enough: How My Family Created the World’s Most Dangerous Man“.

Таа го обвини Трамп дека ја „истиснал“ од наследството додека се обидувал да воспостави контрола врз имотот на нејзиниот дедо Фред Трамп, таткото на американскиот претседател, кој почина во 1999 година.

„Мамењето не беше само семеен бизнис, тоа беше начин на живот“, се вели во тужбата.

Во изјавата што нејзиниот адвокат им ја предаде на новинарите, Мери Трамп тврди дека обвинетите членови на семејството „ја предале“ и заговарале против неа со цел да ја „украдат, лажејќи за вредноста на имотот“ што го наследила.

Како што претходно објави Би-Би-Си, внуката на Трамп подготви за објавување „отворен и не многу ласкав мемоар“ за него, наведувајќи дека книгата треба да се појави на 28 јули, неколку недели пред Националната конвенција на Републиканците, каде чичко и ќе ја прифати номинацијата на партија за неговата кандидатура за реизбор во ноември“.

Инаку, Мери Трамп е ќерка на Фред Трамп Џуниор, постариот брат на претседателот, кој почина во 1981 година на 42-годишна возраст.

Слични содржини