Средношколците кои кампуваат пред МОН за денеска во 17 часот најавија втор протестен собир . Со нив ќе протестираат родители, наставници и граѓани. Преку собирот, тие уште еднаш ќе го искажат својот револт од игнорантскиот однос на надлежните и ќе побараат да продолжи дијалогот.
Средношколците вчера демонстративно ги оставија своите униформи на оградата пред министерството . Протестот кој требаше да трае час и половина беше одложен од безбедносни причини поради протестите за Мартин Нешковски.
Досега околу 10 илјади граѓани се потпишаа на петицијата за поддршка за средношколците. Средношколците повеќе од еден месец ја бојкотираат формалната настава во училиштата, а веќе втор недела кампуваат пред МОН.
Министерството за образование и наука пред една недела го соопшти конечниот став, да се задржи стариот концепт на државна матура, но само за оваа година, а во делот со екстерното тестирање нема да има промени.
Фото: Радио МОФ