Во „8 Септември” 10 пациенти се на апарати за дишење

од Берта Китинска

Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306.

Слични содржини