Во Аеродром регистрирани 699 активни случаи, во Карпош 547

од Vladimir Zorba

Најновите податоци што вечерва ги објави Министерството за здравство покажуваат дека Скопје останува град со најголем број на активни случаи на Ковид-19 од кои најмногу има во Аеродром, Карпош и Центар.

Во Аеродром се регистрирани 699 активни случаи, во Карпош 547 и во Центар 519.

Потоа следуваат Гази Баба со 450 и Кисела Вода со 417 активни случаи. Трицифрени бројки на активни случаи има и во Ѓорче Петров – 286, чаир -166 и Бутел с-152. Во останатите скопски општини е помал бројот на активни случаи.

Слични содржини