Во Америка, знамињата се половина копја поради смртта на полицаецот

од Берта Китинска

Знамињата кај Белата куќа беа спуштени на половина копје по наредба на американскиот претседател Џо Бајден поради смртта на полицаецот кој почина синоќа во нападот на Капитол Хил.

Џо Бајден во изјавата наведе дека тој и неговата сопруга Џил се со скршено срце поради смртта на Вилијам Еванс, кој помина 18 години во полицијата во Капитол, пренесува АП.

„Знаеме колку е тешко ова време за Капитол, за сите оние кои работат таму и кои го штитат“, рече Бајден.

Тој изрази благодарност до полицијата во Капитол и Националната гарда за брз одговор на нападот.

Непознат напаѓач вчера со автомобил пробил барикада кај Капитал, убил еден и ранил друг полицаец, а полицијата за Си-Ен-Ен потврди дека напаѓачот бил вооружен со нож.

Американските медиуми подоцна објавија дека напаѓачот е идентификуван како следбеник на групата „Исламска нација“, но полицијата се уште не ја потврдила таа информација.

Слични содржини