Во аптеки во Косово пронајдени шверцувани лекови од С. Македонија

од Nikola Popovski

Припадниците на косовската Царина вчера извршиле претрес во дури девет аптеки, каде што откриле шверцувани лекови од Србија, Северна Македонија и Албанија.

Претресени се аптеки во Грачаница, Ранилуг, Штрпце и други локации.

Според Царината, на шест локации пронашле 1.000 артикли шверцувани фармацевтски производи, односно лекови, пишува „Коссев.инфо“.

Сите производи се одземени и поведена е прекршочна постапка.

Косовската царина објави и неколку фотографии на кои се гледаат лекови произведени од фармацевтската компанија во Србија – Галеника.

Слични содржини