Во атентат врз министер во Уганда убиени неговата ќерка и возачот

од Stefanija Kuzmanovska

Две лица беа убиени утрово во атентатот врз генералот Катумба Вамала, поранешен командант на војската на Уганда, кој во моментов е министер за труд и транспорт.

Според портпаролот на армијата на таа земја, напаѓачите го опсипале со куршуми автомобилот на Вамала.

Неговата ќерка, која била со него во возилото, била убиена во нападот, јави локалната телевизија НБС ТВ.

Портпаролката за „Ројтерс“ изјави дека Вамала е повреден во нападот и дека неговиот возач исто така е убиен.

Слични содржини