Во Авганистан бомба разнесе комбе со професори и ученици, загинаа четири лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку четири лица загинаа денес, а 11 беа повредени на северот од Авганистан кога бомба на патот разнесе комбе со универзитетски професори и ученици.

Бомбата е активирана со далечински управувач, наведуваат авганистанските власти.

Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот во провинцијата Каписа.

Екстремистите од Исламска држава ја презедоа одговорноста за смртоносните напади врз универзитет во Кабул во ноември минатата година, пишува „Бета“.

Патиштата ширум Авганистан се полни со бомби и мини. Повеќето се поставени од бунтовниците поради напади на воени конвои, но често страдаат и цивил.

Слични содржини