Во авионска несреќа во Шведска загинаа девет лица

од Stefanija Kuzmanovska

Шведската полиција во петокот соопшти дека загинале сите девет лица кои биле во авионот што се урна во четвртокот по полетувањето во близина на шведскиот град Оребро.

„Тоа е многу тешка несреќа. Сите што беа во авионот загинаа“, соопшти шведската полиција на нивната веб-страница, пренесува „Хина“.

Според изјавата, авионот DHC-2 Turbo Beaver превезувал осум падобранци и еден пилот.

Се срушил во близина на пистата на аеродромот Оребро кратко по полетувањето и се запалил.

„Со голема тага ја примив трагичната вест за падот на авионот во Оребро“, напиша премиерот Стефан Лофвен на Твитер.

„Моите мисли се со жртвите, нивните семејства и најблиски во ова многу тешко време“.

Слична несреќа се случи на северот на Шведска во 2019 година, кога, непосредно по полетувањето, се урна авион со падобранци.

Во несреќата загинаа девет лица, а истрагата покажа дека авионот бил непрописно товарен.

Слични содржини