Во Австралија рекорден број новозаразени во оваа година

од Stefanija Kuzmanovska

Во австралиската држава Нов Јужен Велс е забележан зголемен дневен број на новозаболени лица, а заклучувањето се укинува во неколку големи австралиски градови.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан, потврди 35 нови случаи, од кои 29 биле контакти на претходно потврдени ковид пациенти, што го зголеми вкупниот број на новоинфицирани во овој бран на повеќе од 250.

„Нема огромно зголемување на бројот на новоинфицирани, но знаеме дека наредните денови ќе бидат критични за нас“, рече премиерката Береџиклиан, додавајќи дека се уште е рано да се донесе одлука за продолжување или укинување на заклучувањето, пренесува „Ројтерс“.

Во Сиднеј, главниот град на државата Нов Јужен Велс, каде што живее една петтина од населението од 25 милионската Австралија, најголемиот бран на нови случаи на ковид-19 предизвикани од делта сојот на коронавирус е забележан во последните две недели, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини