Во Австралија се одбележува Национален ден на жалост за смртта на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska

Австралија денеска го одбележува Националниот ден на жалост, кој е прогласен поради смртта на британската кралица Елизабета Втора, пренесува „Ројтерс“.

Денот беше прогласен за државен празник, а беше одржана комеморација во Парламентот во Канбера, на која присуствуваа 600 државници.

Во својот говор на меморијалната церемонија, австралискиот премиер Ентони Албанес рече дека Австралија претрпе трансформација за време на владеењето на кралицата Елизабета.

Слични содржини