Во австралиската држава Нов Јужен Велс приведени 24 луѓе поради намерно подметнување пожари

од Vladimir Zorba

Полицијата на Нов Јужен Велс приведе 24 лица осомничени за намерно предизвикување пожари во катастрофалната сезона во која досега загинаа 18 лица во таа австралиска држава.

Во притвор се и три лица осомичени за грабеж во имоти зафатени од пожари. Од 8 ноември полицијата презела акции против 183 луѓе поради пожарите.

Речиси пет милиони хектари изгореа во Нов Јужен Велс од септември, и уништени се 1482 куќи и убиени стотици милиони животни и добиток.

Дваесетина други ризикуваат затворски казни до 25 години поради подметнување пожари.

Слични содржини