Во Австрија бројот на заразени лица надмина 10.000

од Stefanija Kuzmanovska

Во Австрија, бројот на позитивно тестирани граѓани од коронавирус достигна 10.185. Во текот на ноќта Австрија го надмина пет-цифрениот број, со тоа што утринава бројот на починатите се искачи на 133.

Провинцијата Тирол остана главно жариште со 2.360 заразени, а потоа следува Горна Австрија со 1.638 и Долна Австрија со 1.636.

Следат Виена 1.417, Стирија 1.063, Салцбург 949, Форларберг 659, Каринтија 278 итн.

Што се однесува до возраста на заразените, повеќето од нив се на возраст меѓу 45 и 54 години, на 2.168 лица, а потоа следува ризична група на лица од над 64 години во која има 2.060 заразени.

Поради болеста, 1.100 лица се хоспитализирани, а 198 од нив се на интензивна нега.

Слични содржини