Во Австрија драстично се зголемува бројот на новозаразени со корона

од Stefanija Kuzmanovska

Во Австрија драстично се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот. Во последните 24 часа се регистрирани 15.149 нови случаи.

Во средата, пред една недела, беа регистрирани нешто повеќе од 12.000 нови случаи на заразени со коронавирусот.

Во последните 24 часа починаа девет лица заразени со корона.

Главен фокус е Виена со 3.953 новозаразени, а по неа е Долна Австрија со 3.083. Меѓу новозаразените во последните 24 часа е и министерката за правда на Австрија, со босанско потекло, Алма Задиќ.

Таа била позитивна на коронавирусот и е во домашна изолација, од каде, како што е соопштено, продолжува со својата работа.

Слични содржини