Во Австрија казна од 3.600 евра за одбивање на вакцината

од Milan1

Откако австриската влада најави дека ќе воведе задолжителна вакцинација, сега се познати казните за непочитување на новата обврска.

Предлог-законот, на кој работи Министерството за здравство, предвидува лицата кои нема да ја почитуваат обврската за вакцинирање да бидат казнети со глоба до 3.600 евра за одбивање на првата доза и 1.450 за одбивање на третата доза, пренесува Танјуг.

„Мора да се понуди и граѓаните да се вакцинираат. Кој ќе ја одбие таа понуда ќе треба да плати казна“, изјави министерката задолжена за уставни прашања, Каролина Едштадлер.

Таа потврди дека казните се во наведениот износ.

„Апсолутно не сме задоволни со стапката на вакцинација“, рече Едштадлер за австрискиот јавен сервис.

Слични содржини