Во Австрија прогласена највисока опасност од лавини

од Maja Serafimova

Обилните врнежи од дожд и снег создаваат проблеми во Австрија. Најлоша е ситуацијата во Јужен Тирол и Корушка.

Поројните дождови предизвикаа излевање на реките и езерата во долините, а жителите во најзагрозените подрачја се евакуирани.

Во планинските делови, снегот отсече неколку села, каде нема струја, а во прекин се и телефонските врски.

Прогласена е најголема опасност од лавини.

Слични содржини