Во Австрија замрзнати 253 милиони евра на руски олигарси

од Vladimir Zorba

Во Австрија досега се замрзнати 253 милиони евра имот на руски олигарси, соопшти австриската влада.

Надлежната работна група, предводена од Управата за државна безбедност и разузнавачки служби во МВР, ги „замрзнала“ парите на вкупно 97 жиро сметки.

Тоа е речиси двојно повеќе отколку што Германија објави во март.

Слични содржини