Во Белененсес 13 заразени со омикрон варијантата на коронавирусот

од Vladimir Zorba

Португалските здравствени власти денеска објавија дека 13 случаи на омикрон, нов вид на коронавирусот, се идентификувани кај играчите на фудбалскиот клуб Белененсес.

Националниот институт за здравје соопшти дека еден од заразените бил играч на Белененсес, кој неодамна отпатувал во Јужна Африка, каде за прв пат бил идентификуван видот на вирусот.

На сите што биле во контакт со заболените им е наредено да се изолираат, без разлика на вакциналниот статус или изложеност на можна инфекција и редовно ќе се тестираат, соопштија од Институтот.

Најавено е и дека ќе бидат тестирани фудбалерите на Бенфика кои во саботата играа против Белененсес.

Белененсес го започна саботниот натпревар против Бенфика со девет играчи, а бидејќи само седум се вратија на теренот по полувремето, судијата реши да го прекине натпреварот при водство на Бенфика со 7:0.

Слични содржини