Во Белгија намалено нивото на безбедност, од „сериозна“ на „можна“ закана

од Vladimir Zorba

Белгиските власти го намалија за еден степен Нивото на закана од тероризам во главниот град – од највисоката четврта на трета фаза.

2110940506

Главниот град на Белгија беше блокиран скоро недела, училиштата и универзитетите беа затворени, метрото не работеше, а по улиците беа распоредени воени сили. Се очекуваше овој степен на закана да остане на сила до понеделник.

Вонредна состојба беше прогласена по нападите во Париз на 13 ноември, откако се покажа дека некои од напаѓачите биле поврзани токму со Брисел.

Барем еден од париските бомбаши – Салех Абдеслам, останува на слобода во моментот. Тој живеел неколку години во Брисел. Неговиот брат Брахим, кој загина во нападите, исто така живеел во градот.

Намалувањето на степенот на закана значи сега не е “сериозна и непосредна”, туку “можна и веројатна”. Такво е нивото и во остатокот на земјата.

Слични содржини