Во Белгија за само 24 часа починаа 16 лица од коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа, во Белгија се пријавени 462 случаи на заразени со КОВИД – 19, а починале 16 лица, соопшти Федералната служба за јавно здравје.

Епидемиологот Марк ван Раст вели дека состојбата со коронавирусот ќе трае подолго од очекуваното.

Неговата проценка е дека во Белгија претстои десетнеделна борба со коронавирусот.

– Дури и обичниот грип во Белгија трае околу 10 недели. Така беше и во Вухан, а ќе биде и во Белгија – предупредува Раст.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во Белгија достигна 2257, додека бројот на жртвите од КОВИД-19 е 37.

Слични содржини