Во Белград нападнат македонски државјанин – му одзеле 300 евра, 10.000 динари и мобилен телефон

од Vladimir Zorba

Припадниците на полициската станица Нови Београд, во соработка со инспекторите на Второто одделение на криминалистичката полиција и интервентни екипи 92, ги привеле Александар Г (33) и Валентина Г (33) поради разбојништво.

Тие се обвинети дека нападнале маж во стан на улицата Сурчинска на 4 мај и украле 300 евра, 10.000 динари и мобилен телефон од државјанин на Република Северна Македонија, пренесе српски „Блиц“.

Случајот го пријавил во полиција, која брзо реагирала, ги идентификувала и ги привела осомничените. Се трага по уште едно лице, а со одобрение на Третото основно јавно обвинителство во Белград, на осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа.

Слични содржини