Во Берлин повредени 45 полицајци, уапсени 133 демонстранти

од Vladimir Zorba

Околу 45 полицајци се повредени за време на бранот демонстрации во текот на викендот во Берлин, вклучително и протести против ограничувањата наметнати заради коронавирусот, соопшти полицијата додека демонстрантите се собраа денес повторно во мал број.

Берлинската полиција соопшти дека тројца нејзини вработени се задржани во болница, без притоа да се споменат нивните повреди, јави Би-Би-Си.

Повеќе од 1.000 полицајци го следеа протестот во саботата, на кој, според надлежните, присуствувале околу 20.000 луѓе, пишува „Гардијан“.

Но, полицијата на крајот го запре протестот, изјавувајќи дека организаторите не ги почитувале воведените регулативи заради епидемијата на коронавирус.

Вкупно 133 лица беа уапсени за време на протестот во саботата, се вели во соопштението на полицијата.

Германија е помалку погодена од пандемијата од некои европски земји, но случаите се во пораст.

Слични содржини