Во БиХ 274 нови случаи, шест лица починаа

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 274 случаи на коронавирус, а шест лица починале.

Во БиХ биле тестирани 1.161 примерок, од кои 183 биле позитивни, додека во Република Српска потврдени се 91 нов случај врз основа на 436 тестирани примероци.

Четири лица починаа во БиХ и две во Република Српска. Досега се потврдени 7.700 случаи на коронавирус, а починале 182 лица.

Во Република Српска од почетокот на епидемијата се заразени 5.227 лица, а регистрирани се и 185 смртни случаи.

Слични содржини