Во БиХ ќе пропаднат 200.000 дози вакцини

од Nikola Popovski

Директорот на Институтот за јавно здравје на Федерацијата Босна и Херцеговина, Синиша Скочибушиќ изјави дека вакцините Модерна првпат ќе пристигнат во земјава, но дека 200.000 дози од вакцината Астразенека ќе пропаднат.

Скочибушиќ нагласи дека во Босна и Херцеговина ќе пристигнат 60.000 дози Модерна, од кои 40.000 се наменети за Федерацијата БиХ.

„Досега ја немавме вакцината Модерна и верувам дека тоа дополнително ќе мотивира некои да се решат да ги примат првите дози, бидејќи се работи за вакцина mRNA каква што досега не сме имале“, рече Скочибушиќ, пренесува Кликс.

Тој нагласи дека со првата доза досега се вакцинирани 25 отсто од населението во Федерацијата, додека 23 отсто се целосно имунизирани, што не е доволно, бидејќи се следи западноевропскиот просек од 80 отсто.

„Досега имаме дадено повеќе од 800.000 дози вакцини, а на крајот на месецот во нашите магацини истекува рокот на 200.000 AстраЗенека и 1.300 дози Синовак, кои, за жал, нема да можеме да ги користиме“, истакнал Скочибушиќ.

Тој потврдил дека 500.000 дози од вакцината Фајзер, донирани од САД и за кои е платен транспортот од Њујорк до Сараево, се уште не пристигнале.

Слични содржини