Во Битола прегазена 72-годишна жена

од Milan1

Вчера во 11.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ” и ул.„Рузвелтова”, товарно возило „форд транзит”, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Г.(23) од Битола, удрило во пешакот Г.П.(72) од Битола.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Г.П., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, информираат од МВР.

Слични содржини