Секторот за односи со јавност при СВР-Битола информира дека битолчанецот Б.Ј. (55) пријавил дека во нива во непосредна близина на црквата „Св.Недела” во овој град пронашол граната 75 мм од Првата светска војна.

Граната е безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, потврдуваат од СВР-Битола.

Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола наведе дека во Полициска станица-Битола, битолчанката Б.Ј.(36) од Битола пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син, кој претходно повеќе пати се оддалечувал од дома и бил враќан од полицијата. Преземени се мерки за расчистување на случајот.

– Во текот на вчерашниот ден на крстосница од улиците „Билбил камен“ и „Кирил Вангелов“ во Битола, М.А. (24) од Битола, управувајќи патничко возило „Форд Ескорт“, удрил во велосипед управуван од 11 годишно девојче од Битола, кое било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, информира Стаматова.

Слични содржини