Во болницата во Козле хоспитализирани 20 возрасни и осум деца позитивни на Ковид 19

од Берта Китинска

Сто деведесет и осум нови случаи на Ковид-19 регистрира вчера Институтот за јавно здравје. Вкупно активни случаи во земјава се 3 572.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86. На кислородна поддршка таму се 38 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум деца позитивни и две деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“, пак, вкупно се хоспитализирани 90. На респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8 530,  бројката на оздравени пациенти е 4 565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Во Скопје и натаму најмногу активни случаи – 1 804, а следат Тетово со 286, Куманово – 212, Штип – 195, Струга – 166, Гостивар – 157, Свети Николе – 134, Охрид – 122.

Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања за  Ковид -19.

Слични содржини