Во бомбашки напад убиен лидерот на пакистанските талибанци

од Stefanija Kuzmanovska

Во бомбашки напад кој се случил касно во неделата покрај пат во источен Авганистан погодено е возило во кое се превезувале припадници на пакистанската група талибанци, при што загина еден од водачите и тројца други милитанти, соопштија денеска неколку пакистански официјални лица.

Се уште никој не ја презел одговорноста за убиството на Абдул Вали, познат и како Омар Калид Хорасани, кој беше убиен синоќа во авганистанската провинција Пактика, пренесе АП.

Групата Техрик-е-Талибан Пакистан, или ТТП, ги обвини пакистанските разузнавачки агенти за убиството, не нудејќи никакви докази.

Слични содржини