Во Босна и Херцеговина 172 нови случаи на инфекција со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 172 нови случаи на инфекција со коронавирус, од кои 94 се во Федерацијата на БиХ и 78 во Република Српска.

Во Федерацијата на БиХ беа тестирани 1.383 примероци, а регистрирани се нови случаи во Тузла, Зеница-Добој, Херцеговина-Неретва, Западна Херцеговина, Централна Босна, Уна-Сана, Босна-Подриње, Кантон 10 и Сараево Кантон.

Во Федерацијата на БиХ досега се тестирани 58,59 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 2.480 лица. Заклучно со денес, во Федерацијата на БиХ закрепнале 1.184 пациенти.

Во РС, во последните 24 часа биле тестирани 468 лабораториски примероци, а 78 биле позитивни.

 

Слични содржини