Во Босна убиено дето, осомничениот маж ликвидиран при апсењето

од Milan1

Во Фоча вчера беше застрелано 10-годишно дете.

Во полициска акција спроведена вечерва околу полноќ во селото Заваит е убиен Б.Т. кој пукал во автомобил при што усмртил десетгодишно дете.

Според медиумите, тој до последен момент одбивал да се предаде, а откако бил лоциран во објектот на шумското претпријатие во Маглиќ, бил опколен и повикан да се предаде, тој се обидел да активира рачна бомба. Потоа, според полицискиот речник, тој бил неутрализиран.

Босанскиот портал „Кликс.ба“ објави дека се работи за лице со психички проблеми од селото Заваит кај Фоча, кој по убиството зел како заложник постар човек за да не дозволи полицијата да му пријде.

Слични содржини