280
Градските власти во Брисел денеска објавија дека ја забрануваат проституцијата до ново известување, со цел да се обидат да го забават ширењето на коронавирусот.
Градските власти во Брисел денеска објавија дека ја забрануваат проституцијата до ново известување, со цел да се обидат да го забават ширењето на коронавирусот.
Три хотели во кои работеле проститутки биле затворени поради непочитување на мерките за физичко растојание.
Најавено е дека ќе се зајакнат полициските контроли, со цел да се осигури почитување на забраната, пренесува АП.
Од понеделник, баровите и кафулињата во Брисел мора да бидат затворени од 23 до 6 часот, додека другите угостителски објекти се отворени до 22 часот.