Во Будимпешта судир меѓу демонстрантите и полицијата, употребен и солзавец

од desk4

На протестот на кој учествувале неколку илјади Унгарци против новите закони за работни односи и управните судови во Будимпешта, дошло до судир со полицијата, која употреби солзавец и бибер спреј за да ги растера демонстрантите пред Парламентот.

Откако поминаа низ центарот на Будимпешта, дел од демонстрантите доцна синоќа се вратија на плоштадот Кошут и покрај повиците да бидат мирни, тие фрлаа шишиња и димни бомби кон полицијата, која ја чуваше зградата на Парламентот.

Илјадници Унгарци протестираа синоќа во Будимпешта, продолжувајќи ги демонстрациите, кои започнаа во средата против новите закони.

Владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан усвои два нови закона во средата, и покрај протестите на опозицијата и немирите на улиците.

Околу 3.000 демонстранти се собраа пред Парламентот и синоќа го блокираа сообраќајот на еден од мостовите на Дунав.

Демонстрантите се главно незадоволни со законот, кој им овозможува на работодавачите од вработените да бараат да работат прекувремено 400 часови годишно.

Усвоен е и законот за управните судови, за кој групите за човекови права сметаат дека може да доведе до политичко мешање во судските прашања. Унгарската Влада ги отфрла таквите обвинувања.

Слични содржини