Во Бугарија хаос на политичката сцена: Ќе ги помрдне ли меѓународната заедница од „мртва точка“ македонско – бугарските преговори?

од desk4

Бугарскиот неуспех да формира нова влада по парламентарните избори, тесно е поврзан со македонската желба за што побрзо продолжување на преговорите за подигање на ветото за ЕУ интеграциите на Македонија.

Откако вчера партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“ се откажа да ја предводи малцинската влада се зголемуваат шансите до крајот на годината во Бугарија да има уште едни парламентарни избори. Според Уставот, може да има уште два обиди за формирање влада од други партии, но според бугарските аналитичарите шансите за успех тие да формраат Влада се многу мали.

Во меѓувреме од македонска страна будно се следи секој чекор во Бугарија околу формирањето на владата бидејќи од тоа ќе зависи и што поскорото формирање на институции, со кои нашите власти ќе можат да ги продолжат преговорите.

Политикологот Митко Гаџовски за „Локално“ вели дека како сега стојат работите – во Бугарија нема така лесно да се формира нова влада. Според него, само меѓународната заедница може да дејствува за да ги раздвижи македонско – бугарските преговори.

-Не сум оптимист дека наскоро ќе продолжат македонско – бугарските преговори од причина што секое одложување на решавање на внатрешни соостојби во Бугарија го одлужува и нашиот почеток за било какви договори и преговорање на решавањето на разликите со соседна Бугарија. Македонскта влада не може да направи ништо освен да чека разврска во Бугарија. Многу повеќе во помрднувањето од мртва точка би требало да има меѓународната заедница, отколу владата, од причина што ние и уште утре сме подготвени да седнеме на маса и да прговараме. Но, од другата страна немаме функционални иснтуиции. Ние ништо не можеме да напрвиме. Треба да профункционира тамоштниот системи па потоа да разговараме за еванеутални прегеовори, вели Гаџовски за „Локално“.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека весите што доаѓаат од Бугарија не се многу охрабрувачки во делот на формирање на бугарските институции кои се важен фактор во изнаоѓање на решение за надминување на разликите бидејќи се причина за непринципиелната блокада на македонскта европска перспектива.

-Ние бевме во очекување дека овој втор обид ќе има инститиции за да можеме во тој политички дел да комуницираме и да изнаоѓаме решение. Меѓутоа независно од тоа комуникацијата помеѓу двете МНР-а продолжија и во изминатиот период, имаше директна комуникација на експерти од двете министерства коишто разговараа по однос на прашањата коишто беа отворени на последниот состанок во Софија и презентирани како можност за утврдување на патоказ за надминување на разликите. Се разбира тоа е колку да се одржи една комуникација на ниво на МНР за да не се создаде јаз којшто потоа потешко ќе може да се исполни, но очигледно дека потребно е формирање на политичка влада, политички институции за да може да се најде решение, рече Османи.

Партијата „Има таков народ“ на Трифонов не успеа да ја добие поддршката од своите евентјуални сојузници, двете мали антикорупциски партии, и тоа откако одби да потпише политички договор со нив. Тие пак одбија да ги поддржат и министрите кои според нив се лош избор за борба против корупцијата на високо ниво.

Б.Т.

Слични содржини