Во Бугарија се преврте автобус со српски државјани, меѓу повредените има и деца (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Осум деца и четворица возрасни се повредени кога автобус со српски таблички паднал во ендек во Бугарија. Две лица се тешко повредени.

Според првите податоци, нема загинати, а повредени се 12 лица – осум деца и четворица возрасни. Тие се транспортирани во болницата во Стара Загора, која е најблиску до местото на несреќата.

Две лица се тешко повредени, од кои едно дете.

Според тамошните медиуми, автобусот кој превезувал патници од одморот на Црното Море паднал во ендек, а причината за несреќата се уште не е позната.

На местото на несреќата се испратени екипи на лекари од Нова и Стара Загора, противпожарната и полицијата.

На автопатот кон Софија имаше километарски сообраќаен метеж, но се создаде коридор за возила за итни случаи.

Слични содржини