Во Бугарија запленети 13 милиони во евра и долари лажни банкноти

од desk4

Бугарските власти денеска запленија 11,5 милиони евра и два милиона долари фалсификувани банкноти, соопшти заменикот-главен обвинител на Бугарија Иван Гешев.

Според него, банкнотите се пронајдени во „најголемата илегална печатница“„ во изминатите 11 години, која функционирала во подрум на хотелот „Кантилена“ во Сончев Брег. Фалсификуваните банкноти се пронајдени  во апоени од 500 и 100 евра и 50 американски долари.

Уапсени се четири лица, кои имаат богато криминално минато и успевале многу добро да ги прикријат своите активности. Групата била разбиена на 20 октомври, а акцијата била спроведена во соработка со Европол.

Слични содржини