Во Чаир се намалува, а во Аеродром се зголемува бројот на заразени со коронавирус

од Берта Китинска

Во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 од нив во Скопје се регистрирани 52.

Чаир и натаму е лидер по бројот на активни случаи, но ако се направи споредба со над 400 болни колку што имаше таа општина пред неколку недели, значи дека таму нови случаи веќе нема.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 265

• Аеродром – 207

• Бутел – 133

• Гази Баба – 193

• Центар – 150

• Карпош – 164

• Сарај – 109

• Кисела Вода – 183

• Ѓорче Петров – 129

• Студеничани – 93

• Шуто Оризари – 120

• Арачиново – 36

• Илинден – 23

• Петровец – 20

• Чучер Сандево – 12

• Сопиште – 22

• Зелениково- 7

• Странец – 8

• Нераспределен- 2.

Слични содржини