Во Чешка организираа проштална журка за короната, ваква фешта се уште не сте виделе

од Aleksandar Petrovski

Неколку илјади граѓани на Чешка се собраа на Карлов мост во Прага, каде што организираа „Симболична проштална журка“ за вирусот „ковид-19“.

Учесниците во забавата, што се одржа во вторникот, со себе донесоа храна и пијалоци, кои тие ги споделуваа едни со други, пренесува BBC.

Социјалното растојание не се почитуваше на забавата, а организаторите рекоа дека прославата е организирана во период кога нема туристи.

Учесниците на журката ги забавуваа локални музичари и уличните музичари.

Организаторите рекоа дека сакаат да го одбележат крајот на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус со прослава и дека сакаат да покажат дека луѓето не треба да се плашат од средба.

Во Чешка околу 12.000 луѓе досега биле заразени со вирусот на корона, а 350 починале.

Минатата недела, чешката влада дозволи собири до 1.000 луѓе, како и отворање базени, музеи, зоолошки градини и замоци без ограничувања.

Слични содржини