Во Чешка рекорден број на заразени во последните два месеца: Ги ублажија мерките, короната се врати

од Aleksandar Petrovski

Во Чешка во средата се забележани уште 127 случаи на коронавирус, соопштија денеска здравствените власти.

Ова е најголем пораст на дневна основа во бројот на заразени во последните два месеци, и тоа доаѓа во време кога Чешка ги олесни рестриктивните мерки поврзани со компаниите и јавниот живот.

Чешка, земја со 10,7 милиони жители, утрово регистрира вкупно 10.780 случаи на коронавирус.

Вкупно 7.592 се сметаат за излечени, 2.844 случаи сè уште се активни, а 344 лица починале од последици на коронавирусот.

Претходниот рекорден број случаи во Чешка беше регистриран на 21 април, кога беа пријавени 133 случаи на коронавирус.

Слични содржини