Во четири украински региони започнаа референдуми за пристапување кон Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска во 08:00 часот во самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, како и во регионот Херсон и делови од областа Запорожје во Украина, кои се под контрола на руските сили, започнаа референдуми за приклучување кон Руската Федерација како посебни конститутивните членови.

Гласањето ќе трае до 27 септември, кога ќе започне пребројувањето на гласовите, пренесува ТАСС.

НАТО ги осуди плановите на Русија за одржување референдуми во окупираните региони на Украина и ги повика сите земји да ги отфрлат, како што вели, „очигледните руски обиди за територијално освојување“.

Слични содржини