ВО ДЕБАР: Починаа две пациентки од ковид, 28 се на кислородна поддршка

од Берта Китинска

Од денеска во Ковид – центар трансферирано е и хируршкото одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде моментно се хоспитализирани десет пациенти.

-Континуираниот раст на заразени со Ковид-19 и потребата за нивно болничко лекување целосно го пополни капацитетот на Ковид-центарот, кој од ноември минатата година, функционира во просториите на интерното одделение. Тука имаме 20 пациенти и болничките легла се пополнети, поради што од денеска Ковид пациенти хоспитализираме и во хируршкото одделение, потврди за МИА, Бали Алили директорот на болницата.

Додаде дека од моментно 30 хоспитализирани ковид пациенти дури 28 се на кислородна поддршка и нагласи дека повеќето од нив не се вакцинирани.

-За жал и покрај сите напори на здравствениот персонал починаа две повозрасни пациентки, жителки на Дебар. Во последните три дена имаме пет починати. Поради потешка клиничка слика во здравствени установи во Скопје се три лица од нашето подрачје, амбулантски, тука во нашата болница,  се лекуваат 25, кои откако ќе ја примат соодветната терапија, малку одмараат и одат во нивните домови, посочи Алили.

Слични содржини