Во Дебар се зголемува бројот на заразени, една од пациентките вакцинирана со две дози вакцина

од Vladimir Zorba

Висока едноцифрена бројка на новозаразени со Ковид-19 е регистрирана денеска во Дебар.

По одреден период веќе има двајца пациенти во Ковид центарот во интерното одделение, при Општата болница со проширена дејност, која
здравствена заштита пружа за жителите од општините Дебар и Центар Жупа.

– Само денес опасниот вирус е дијагностициран кај седум лица, од девет општини, шест од нив веќе се внесени во денешниот извештај на
Министертвото за здравство, додека за еден потрдата ја добивме подоцна. Во последните десет дена имаме девет новозаразени а вкупно
активни се 12 лица, од нив три се иселеници од САД, изјави за МИА, Арбијон Колари, лекар во Ковид центарот.

Додава дека моментно во центарот хоспитализирани се две пациентки, една од нив на кислородна подршка.

– Една од пациентките е вакцинирана со две дози вакцина, додека другата нема примено ниту една доза. Денеска испративме 11 тестови и
за најмалку седум од нив се сомневаме дека се позитивни. Она што во моментов ни е најпотребно се брзите тестови, зашто првичнот резултат
ќе го имаме побрзо, посочува доктор Колари.

Слични содржини