Во декември земјава ја посетиле 48.913 туристи, остварени 93.567 ноќевања

од Vladimir Zorba

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2022 година изнесува 48.913, од кои 40.8 % се домашни туристи, а 59.2 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во декември 2022 година изнесува 93.567, од кои 42.5 % се од домашните туристи, а 57.5 % од странските туристи.

Во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.7 %, а кај странските зголемувањето е за 82.8 %.

Во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 23.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.7 %, а кај странските зголемувањето е за 70.7 %.

Слични содржини