Во делови од САД бележат рекорден број на новозаразени и хоспитализирани

од Vladimir Zorba

Некои американски држави бележат рекордни броеви на новозаразени од коронавирус и хоспитализации, вклучувајќи ги Тексас и Флорида, но повеќето сепак планираат да ги олеснат мерките, а претседателот Доналд Трамп планира да одржи митинг во затворено во Оклахома.

Алабама забележа рекорден број нови случаи во неделата четврти ден по ред. Алјаска, Аризона, Арканзас, Калифорнија, Флорида, Северна и Јужна Каролина и Оклахома поставија рекорд во последните три дена.

Многу здравствени службеници растот на бројот на заразени лица го врзуваат со поголемите собири во текот на викендот кон крајот на мај, по повод Денот на сеќавањето.

Во Луизијана, која порано беше едно од жариштата на инфекцијата, бележи раст на нови случаи, повеќе од 1,2 илјади, што е највисоко од 21 мај.

Во САД во саботата се пријавени вкупно 25.000 случаи, најмногу од 2 мај, но значително повеќе тестови се прават во изминатите шест недели.

Но, многу држави имаат и повеќе хоспитализации, индикатор независен од тестираниот број.

Арканзас, Северна Каролина, Тексас и Јута забележаа рекорден број хоспитализации во саботата. Во делови од Северна Каролина, зафатеноста на болничките кревети е од 69 до 77 проценти.

Гувернерот на Јута минатата недела објави дека повеќето окрузи ќе го одложат олеснувањето на рестриктивните мерки, но повеќето други држави, соочени со дефицити во буџетот и голема невработеност, ја отфрлаат можноста за нов карантин.

Многу држави ги повлекоа рестриктивните мерки, иако не ги исполнија критериумите на владата утврдени за одлуката.

Стравот од втор бран на зараза ги принуди здравствените работници да ја замолат јавноста да носат маски и да избегнуваат големи собири.

Претседателот Доналд Трамп сепак планира да го одржи својот прв митинг како дел од кампањата од март месец, во сабота во Тулса, Оклахома. Оние што ќе присуствуваат на митингот ќе треба да се согласат дека нема да ја посочат за одговорна кампањата, доколку се заразат со коронавирусот.

Околу третина од случаите во Оклахома се регистрирани во Тулса, а локалните здравствени служби го поврзуваат ширењето на вирусот токму на собири во затворен простор.

Слични содржини