Во Доњецк и Луганск 8.000 украински заробеници

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 8.000 украински воени заробеници се наоѓаат во народните републики Луганск и Доњецк во источна Украина, кои се поддржани од Русија, изјави неименуван функционер на прокремљскиот сепаратистички регион Луганск, пренесува Би-би-си.

„Има многу затвореници. Се разбира, ги има повеќе на територијата на Доњецката Народна Република, но ги има и овде, а сега вкупната бројка е околу 8.000“, рече Родион Мирошник, цитиран од новинската агенција Тасс, кој беше назначен за лугански амбасадор во Русија претходно овој месец.

Руските сили нападнаа повеќе од 40 градови во источните региони на Донбас и Луганск додека продолжуваат со напорите да преземат целосна контрола над Доњецк и Луганск. За овие податоци нема официјални потврди, а Би-Би-Си наведува дека и преку свои извори не може да се добијат точни податоци колку војници се во заробеништво.

Слични содржини