Во Драч запленети 3.470.000 евра

од desk2

Во најголемото албанско пристаниште Драч, запленети се три милиони и 470 илјади евра откриени во два автомобила , при влез во Албанија.


Парите се откриени во два автомобила „Тојота јарис“,без регистарски таблички,кои заедно со уште седум други автомобили биле транспортирани од Белгија од албанска фирма регистрирана за транспрот.

Деталната контрола врз возилата следувала по дојава на Европол,откако возилото на кое биле натоварени пристигнало со траектот кој сообраќа на релација Анкона-Драч.

Засега приведени се три лица а земени се и отисоци од прсти на запленетите евра.Приведен е сопственикот на фирмата која вршела транспорт, кој на полицијата и изјавил дека за танспорт на автомобилите имал договор со фирма од Косово, неговиот син и возачот на камионот.

Експертизата потврдила дека заплентите пари не се фалсификат а полицијата се сомнева дека се стекнати од криминални активности.
Инаку, во четвртокот лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша,упати тешки обвинувања до пратеникот од редовите на социјалститите Таолант Бала,дека „пред три дена бил во Германија, купил авотмобил „Тојота јарис“ натоварена со 1,5 милиони евра од дрога“.

Запрашан од каде му биле информациите,кои сега се потврдуваат како точни, тој кусо одговрил дека се кажал во четвртокот.

Бала негираше дека бил во Германија а ги спомна имињата на социјалистката, Мими Кодели, демократите Љуљзим Баша и Сали Бериша, како албански политичари кои во последните дваесет дена биле во Германија.
Полицијата најави детални информации во текот на денов а во меѓувреме дел од медиумите споменуваат и сума од пет милиони евра.

Слични содржини