Во две лавини во Турција загинаа 28 луѓе (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Во две лавини кои денес ја погодија Турција загинаа 28 луѓе.

Околу 300 припадници на брзата помош биле повикани да излезат на пат во близина на градот Бечесехир, кој е опкружен со планини и се наоѓа во провинцијата Ван, а која се граничи со Иран. Тие се повикани по лавината во која синоќа загинале пет лица.

Денес околу пладне втора лавина паднала врз спасувачите, а гувернерот на провинцијата Ван, Мехмет Емин Билмез изјави дека од снегот на острата планина извлечени се 23 беживотни тела на спасувачите.

Меѓу нив осум се воени полицајци, три припадници на селската стража, тројца пожарникари и девет доброволци.

Тимови за итнислучаи трагаат за други колеги кои можеби се затрупани под снег, рече Билмез
Околу 30 работници за итни случаи се спасени или сами успеале да се извлечат од снегот и сите се хоспитализирани, соопшти полицијата.

 

Слични содржини