Во екот на заразате немате антибактериски гел? Направете си дома

Според истражувањата, не само во Македонија, туку и низ целиот свет, трговците ги зголемиле цените на производите за дезинфекција, па така полиците во продавниците се празни.

Амазон дури и ја забрани продажбата на 10.000 корисници, бидејќи ги зголемиле цените откако порасната продажбата на таквите прозиводи поради паниката околу коронавирусот. Здравствените експерти советуваат редовно миење на рацете со сапун и вода и истакнуваат дека тоа е најдобар начин за борба против сите вируси и зарази, вклучувајќи го и коронавирусот. Но, во ситуациите кога водата и сапунот не ви се достапни, гелот на база на алкохол ќе ви биде од помош.

За да направите домашен гел за дезинфекција потребни ви се 2/3 лажици алкохол (најмалку 60 постотен), кој ќе го измешате во поголем сад со 1/3 шолја гел од алое вера и 5-10 капки есенцијално масло по избор. Смесата можете да ја истурите и во шишенце кое ќе ви биде секогаш при рака. Доколку добро сте го подготвиле и цврсто затвориле, може да трае со недели.

Во светот до сега се починати околу 3.200 луѓе, а уште 95.000 се заразени со коронавирусот.

Слични содржини