Во експлозија на рудник за јаглен во Колумбија загинаа девет рудари

од Stefanija Kuzmanovska

Девет рудари загинаа, а шест останаа заробени под земја по експлозија во рудник за јаглен во Колумбија, соопшти денеска Националната агенција за рударство (АНМ).

Експлозијата, која се случи минатиот понеделник во близина на северниот град Ел Зулија, била предизвикана од акумулација на гас, што резултирало со пожар и уривање на тунелот, во кој рударите останале заробени, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-си.

Преживеаните рудари биле заробени под земја шест дена.

Слични содржини