Во финските супермаркети вирусот нема шанси: Погледнете што измислиле (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Во еден фински супермаркет тестираа посебни рачки за отворање на фрижидерите без да се употребува шаката со цел да се намали шансата за потенцијално ширење на коронавирусот.

Супермаркетот на фрижидерите со магнетизирани врати им инсталираше дополнителни рачки кои на купувачите им овозможуваат да ги отворат вратите со своите подлактици, а не шаки. Рачките кои се прицврстени на „обичните“ рачки се направени од рециклирана пластика и произведени со помош на 3Д принтер.

Покрај тоа што целта е да се намали ширењето на коронаавирусот, овој изум е поздравен затоа што е секако похигиенски од конвенционалните рачки на ладилниците во супермаркетите, а исто така им овозможува и полесно отворање на инвалидизираните лица.

-Не морав да размислувам да ја отворам вратата, само ја ставив раката на рачката и повлеков. Ова е всушност многу добра опција – рече една дама која се нашла во супермаркетот каде се вршело тестирањето.

– Ова е добар изум, многу добар. Тоа им помага на сите, мислам дека сите го сакаат – додаде млад човек, кој исто така се нашол во истиот супермаркет.

– Мислам дека решението е функционално, мислам дека може да го користат и лица со посебни потреби – заклучи една девојка.

Иако купувачите одлично реагирале на ваквите рачки, многумина од нив побарале рачките да бидат ставени повисоко, па од супермаркетот порачале дека наскоро ќе го сторат тоа и ќе продолжат да ги слушаат сугестиите на своите купувачи.

Слични содржини